
Во последното деноноќие во Албанија Ковид-19 е дијагностициран кај 1.054 лица, што е прва четрицифрена и во исто време највисока бројка во третиот бран. Од направени 7.256 тестови, позитивен резултат е добиен кај 1.054 граѓани што е 14, 6 отсто од тестираните.
Најмногу од случаите или 303 се во Тирана, 157 во Скадар, 60 во Драч. Во исто време закрепнале 469, а починале три лица. Активни на болеста се 10.088 а болнички во Инфективната клиника-Ковид 1 болница се третираат 96 пациенти, од нив осум деца, информираше министерството за здравство.
Поради потребата од болнички легла, како што најави ресорната министерка Огерта Манастирлиу, која беше во инспекција на просториите, подготвена е за прием на пациенти и болницата која функционираше како ковид 3. Таа преку објава на Твитер апелираше до граѓаните да се вакцинираат.
Зголемувањето на случаи на дневни инфекции, хоспитализации и моментно над 10 илјади активни случаи со Ковид-19, бара од секој од нас одговорност за заштита на здравјето за себе и за другите. Не занемарувајте анти-ковидна вакцината. Вакцината спасува живот, напиша таа.
Инаку, поради константното зголемување на нови случаи, главно со Делта сојот, Комитетот на експерти за справување со пандемијата вчера одлучи од утре, први септември, времетраењето на полицискиот час да се зголеми за еден час и ќе трае до 23 до 6 часот а од 6 септември се воведуваат и ограничувачки мерки за влез во земјата.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden