
Според податоците на Централна банка на Албанија, од јануари до септември годинава, странските инвестиции изнесуваат 711 милиони евра. Во однос на минатата година, тие бележат раст од само 8 милиони евра, додека во однос на 2019 година, бележат пад од 90 милиони евра. Инвестициите најмногу се насочени во индустрија за ископ, додека интересот за вложувања во електрична енергија, гас и вода се намалени.
Ако во 2019 година за девет месеци во електрична енергија се инвестирале 266 милиони евра, годинава за истиот период само 35 милиони евра. Причината за овој пад е завршувањето на двата проекта, трансјадранскиот гасовод, ТАП и каскадата на реката Девол.
Во овој период најмногу вложила Холандија 139 милиони евра, со пад од 38 милиони евра во однос на пред една година. Потоа е Италија со 103 милиони евра, од 94 милиони евра колку што биле 2020 година. Следува Турција со 63 милиони и Франција со 58 милиони евра инвестиции.
Во прегледот за последните пет години, за период јануари-септември, што го објавува банката, во 2017 година тие изнесувале 648 милиони, следната година 755 милиони, во 2019 година 801 милион, минатата 703 и годинава 711 милиони евра.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden