
На 28 декември Црногорската заедница во Албанија одржа во Елбасан тркалезна маса со тема „Култот на Свети Јован Владимир од Дукла како симбол на мирот, братството и толеранцијата меѓу народите на Балканот“ во рамките на подготвителната фаза на проектот „Празнување на денот на Свети Јован Владимир од Дукла, проект кој ќе биде финализиран на 4 јуни 2022 година со отворање на изложба на фотографии од мурални икони пронајдени во црквите и манастирите низ целиот балкански регион, ќе се реализира во соработка со Матица Црногорска која за свој претставник во Албанија го има Благоје Златичанин.

Во говорот одржан на оваа тркалезна маса, претседателот на Црногорската заедница во Албанија Маринко Цулафиц се заблагодари на Дирекцијата за соработка со дијаспората и иселениците од Црна Гора за финансиската поддршка што ја дава за реализација на овој проект. Ромина Радоншиќ, направи резиме на достигнувањата на Црногорската заедница во Албанија во текот на 2021 година.
На оваа тркалезна маса со свој претсавник беше присутно и Македонското друштво “Илинден“-Тирана. Тоа беше претставено од г-ѓа Елса Џелили, координатор за регионот Елбасан, преку која се запознавме со целите на проектот и неговото значење.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden