
Полиција одговори со солзавец и водени топови на нападот на демонстрантите кои фрлаа камења врз седиштето на опозициската Демократска партија во услови на жестока битка меѓу партиските ривали за власт.
Меѓу демонстрантите се поддржувачи на поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша, кој беше исклучен од партијата минатата година, откако Вашингтон му забрани влез во Соединетите држави поради наводна корупција.
Бериша, кој ги негира злоделата што му се припишуваат, оттогаш со сите сили се бори за водечка улога во партијата, а негов противник е нејзиниот сегашен лидер Лулзим Баша.
https://www.youtube.com/watch?v=wr1KNv-pKAQ&feature=emb_title
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden