Од Министерството за надворешни работи велат дека како земја пријател на Украина, имаат разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили.
Сепак, Министерството за надворешни работи ги потсетува граѓаните на Македонија дека учеството во било која странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело. – стои во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
