Tag Archives: Министерството за надворешни работи

МНР: Македонските државјани да се воздржат од непотребни патувања во Либан

Министерството за надворешни работи (МНР) ги повикува сите државјани на Македонија да се воздржат од непотребни патувања во Либан поради сложената безбедносна состојба во регионот. Информираме дека сѐ уште се активни комерцијалните летови кон и од Либан, и соодветно, препорачуваме на сите граѓани кои во моментот се наоѓаат на територијата на земјата, доколку немаат суштинска причина за нивниот престој, да ...

Read More »

Македонско МНР: Македонските граѓани во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните органи

Македонското министерство за надворешни работи според тоа што е јавено од амбасадата на Македонија во Тел Авив, информира дека седум државјани на Македонија се наоѓаат во градот Витлеем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања во Израел. „Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи ги повикува ...

Read More »

МНР: Македонските граѓани да избегнуваат патување во Нигер, а тие што се таму веднаш да ја напуштат земјата

Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер и можноста од ескалација на истата, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Македонија да избегнуваат патување во Нигер, додека на оние кои се наоѓаат во територијата на Нигер, а имаат можност да ја напуштат земјата, да го направат тоа веднаш. Воедно информираме дека Министерството, преку Амбасадата во Каиро работи на обезбедување ...

Read More »

Македонското МНР ја осуди изјавата на бугарскиот пратеник Костадинов

Министерството за надворешни работи соопшти дека ги осудува иредентистичките изјави, кои содржат и територијални претензии кон Македонија, искажани јавно и повеќепати од страна на Бугарскиот пратеник и лидер на политичката партија ,,Преродба” „Фактот што овие изјави се повторуваат, овој пат и во Скопје, и тоа на значаен и за двете страни симболичен повод, отворање нови канцеларии на Културно-информативниот центар, како и во ...

Read More »

Македонското МНР со вербална нота до МНР на Бугарија за изјавите на пратеникот Костадинов

По повод изјавите на пратеникот и лидерот на политичката партија „Вазражадане“, г-дин Костадин Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Република Бугарија, Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку амбасадата на Република Бугарија во Скопје, упати вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија, во која изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата во која ...

Read More »

Министерството за надворешни работи апелира до сите државјани на Македонија да не патуваат во Иран

Министерството за надворешни работи апелира до сите државјани на Република Македонија да се воздржат од патување во Иран, поради масовните и насилни протести во различни делови од земјата, а особено во Техеран. Воедно, доколку наши граѓани во моментот се наоѓаат на територијата на Иран, Министерството за надворешни работи ги повикува да останат на безбедни локации, да избегнуваат јавни собири и ...

Read More »

Министерството за надворешни работи: Учеството во било која странска војска е кривично дело

Од Министерството за надворешни работи велат дека како земја пријател на Украина, имаат разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа ...

Read More »

МНР: Од синоќа сите граѓани на Македонија се евакуирани од Авганистан

Министерството за надворешни работи информира дека успешно е завршен процесот на евакуација од Авганистан и на последните државјаните на Република Македонија, а кои поради ангажманот при НАТО базата во Кабул беа последни во распоредот за евакуација. Според последните информации кои утрово се пристигнати од нашата дипломатска мрежа, најголемиот дел, или 39 наши граѓани се наоѓаат во Свиндон, Велика Британија, од ...

Read More »

МНР: Македонските граѓани да не патуваат во Авганистан, а тие што се таму веднаш да си заминат

Граѓаните да не патуваат во Авганистан, а доколку моментално се наоѓаат таму, заради лична безбедност веднаш да заминат, препорачува македонското Министерството за надворешни работи. Препораката се упатува заради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Авганистан, велат од МНР. Од Министерството ги повикуваат сите државјани на Република Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, ...

Read More »

МНР: Претпазливост при патување во Грција поради пожарите

Министерството за надворешни работи издаде предупредување до македонските граѓани да бидат претпазливи при патување во Грција, поради состојбата со пожарите во таа земја. Како што се наведува во соопштението, безбедносната состојба може брзо да се промени. Постојат специфични проблеми во врска со безбедноста што може да ве стават во опасност. Безбедносната состојба може брзо да се промени. Треба да применувате ...

Read More »