Во пресрет на Велигден црквата во Горна Горица доби нови сводови

Во пресрет на празникот Христово воскресение – Велигден извршени се одредени неопходни градежни зафати на објектот на црквата „Св. Димитриј“ во село Горна Горица, областа Мала Преспа. Како што информира отец Алексо Темелко, благодарение на донацијата на Деан Нестор, македонски иселеник, со потекло од ова преспанско село, изградени се сводови на тремот во црквата. Според отецот, овој божји храм има потреба и од други градежни зафати, како санирање-зацврстување на јужниот ѕид и изградба на Свештарник. Црквата “Св Димитриј” во село Горна Горица изградена е втората половина на XIX век.