Македонскиот амбасадорот Данчо Марковски учестуваше на подигањето на знамето на Европа пред владата во Тирана

Македонскиот амбасадорот, Данчо Марковски во дворот на владата во Тирана претпаладнево, по отворањето на преговорите за членство на Албанија во Европската унија, беше присутен на церемонија на симболично подигање на европското знаме пред Владата на Република Албанија.

По подигањето на знамето и интонирањето на државната химна, премиерот Еди Рама им се обрати на присутните велејќи дека „денес е нов ден за Албанија и многу ви благодарам на сите што сте тука со мене за свеченото подигање на знамето на ЕУ, по официјалното отворање на преговорите за членство на Република Албанија во обединетото европско семејство“.

Вашето присуство овде е повеќе од протоколарно, бидејќи вие и институциите што ги претставувате директно придонесувате за изградбата на европскиот пат на Албанија. Подигнувањето на ова знаме денеска пред владата го означува издигнувањето на Албанија на друго ниво, не само во односите со ЕУ, туку и во нејзината иднина, со слободи и права, безбедност и нејзин развој во секоја насока, рече Рама.