На средбите со градоначалникот Пали Колески, како и со претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција, Васил Стерјоски ги отворивме прашања кои се предизвик за локалната власт и локалното население во поширокиот регион на Мала Преспа. Остануваме во комуникација со Македонците во Албанија и албанските институции за прашања кои се од интерес на нивната етничка, културна и јазична посебност. Остварив средба со директорот на училиштето, во кое учениците посетуваат настава на македонски јазик. Министерството за надворешни работи на Македонија во текот на минатата година финансираше неколку проекти на македонски здруженија од Албанија, додека Владата и Министерството за образование и наука доделија 20тина стипендии за студирање во нашата држава. – објави мнистерот за надворешни работи, Бујар Османи, за денешната посета на Македонците во областа Голо Брдо во Албанија.







Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
