Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај учествува на 66 конгресот на Федералната унија на европски националности во Берлин

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на Конгресот на Федералната унија на европски националности, ФУЕН, што се одржaва во Берлин од 29 септември до први октомври.

Малцинските заедници во меѓународни и регионални конфликти и четирите автохтони национални малцинства и етнички групи во Германија беа во фокусните точки на 66 Конгрес. Најголемиот европски собир на национални малцинства и јазични групи започне на 29 септември со церемонијата на отворањето во Претставништвото на државата Бранденбург во Берлин, изјави Ѓурѓај.

Додава дека по воведните обраќања следуваше сесија на BundesTalks – дискусија со членовите на Бундестагот за малцинските права и панел дискусија на тема “Опстанок и надеж – малцинските заедници во меѓународни, регионални и национални вооружени конфликти”.

Конгресот продолжи во хотелот Н4 со панелот: мојот јазик, мојот идентитет за четирите автохтони национални малцинства и етнички групи во Германија и малцинскиот совет, кој е домаќин на годинешниот конгрес на ФУЕН. Работата на Малцинскиот совет се состои првенствено од промовирање и заштита на правата и интересите на четирите автохтони национални малцинства во Германија, Фризите, Данците, Ромите и Лужичките Сорби, додава тој.

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на ФУЕН е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во овој период редовно учествува на Конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоена е и Резолуција за положбата на македонското малцинство во Албанија.