
Претседателот Стево Пендаровски освари средба со Мукхтар Тилеуберди, потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Казахстан, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
На средбата беше оценето дека двете држави градат пријателски односи во духот на меѓусебното разбирање и беше истакнато дека постојат можности за нивно унапредување во повеќе сфери од заеднички интерес. Во таа насока, претседателот Пендаровски ја поздрави одлуката за отворање на амбасада на Казахстан во Скопје.
Соговорниците изразија задоволство од економската соработка меѓу двете држави и од одржувањето на првиот состанок на Меѓувладината комисија за трговија и економија во Скопје, кој е од големо значење за зголемување на трговската размена и инвестициите.
Исто така, на средбата стана збор и за можностите за воспоставување билатерална соработка и во други области, а беше истакната и добрата соработка на мултилатерално ниво.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden