Македонскиот амбасадор во Тирана на средба со ОДИХР разговарал за учеството на Македонците на изборите во Албанија

Во своство на амбасадор на земја која претседава со ОБСЕ денеска во Амбасадата на Македонија во Тирана се одржала средба на амбасадорот Данчо Марковски со амбасадорката Одри Гловер, шефицата на набљудувачката мисија на ОДИХР, на која се разбоварало за претстојните локални избори во Албанија кои ќе се одржат на 14 мај. На средбата учествувал и заменикот на мисијата Стефан Краус.

Амбасадорот Марковски во својство на претставник на соседна држава која е и актуелен претседавач со ОБСЕ, информираше за учеството на македонското национално малцинство во Албанија на изборите, како и за проблемите и очекувањата за подобрување на нивниот статус во следните изборни циклуси, се наведува во објавата.

Средбата била  искористена за размена на мислења околу подготвителните активности и дадените препораки од страна на ОДИХР за непречено спроведување на изборниот процес, согласно демократските вредности. Се додава дека заеднички е заклучено  дека се очекува изборите да поминат во рамките на мирна и демократска атмосфера.

На изборите нов градоначалнички мандат во општина Пустец бара Пали Колефски, кој е предложен од Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама и поддржан од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. На изборите негов противкандидат е и Панди Јани од Партијата на слободата на поранешниот претседател Илир Мета.