
Во новиот погон на површина од 6.300м2 ќе се врши производство за производств на цврсти фармацевтски форми на таблети, филмувани таблети, капсули и на двослојни таблети, кои за првпат се воведуваат како технологија за производство во Македонија. Досегашниот капацитет од 2 милијарди таблети годишно, треба двојно да се зголеми на 4 милијарди таблети. Ова е еден од најкрупните инвестициски проекти на „Алкалоид“ АД Скопје во изминатите две децении.
За диркторката на производство на фармација Маја Лазарова успехот за ваква инвестиција е поради тимскиот дух на сите секотори во Алкалоид. Со вложувањето во нови иновации во фабриката освен успеси на пазарот, компанијата секогаш вложува и во вработување на нов кадар. Компанијата во 2005 година имаше пласмани од 53,1 милиони евра, а во 2023 година прикажа консолидирани пласмани од 268,3 милиони евра. Фармацевтските производи на „Алкалоид“ се присутни на пазарите во повеќе од 40 земји во светот.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden