Руската војска го убила лидерот на Исис Ал-Багдади во Сирија

 

Руското министерство за одбрана ја проверува информацијата дека лидерот на Исламска држава, Абу Бакр Ал-Багдади, е убиен во руските воздушни напади во Сирија. Рускиот Су-34 и Су-35 извеле повеќекратни воздушни напади на 28 мај, во близина на упориштето на ИД во сирискиот град Рака, во северниот дел на земјата, соопшти Министерството. Наводно, според информациите, во нападите е погодено место каде се одржувал состанок на високото раководство на терористичката организација, а таму бил и Ал-Багдади.

Состанокот бил свикан за да се планираат „рути за излез на милитанти од Рака преку таканаречениот јужен коридор“, се вели во соопштението на Министерството. „Според информациите, кои беа проверени преку различни канали, лидерот на ИД, Абу Бакр Ал-Багдади, бил присутен на состанокот и бил убиен во воздушните напади“, стои во соопштението.