Македонската делегација предводено од Заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања, Игор Здравковски и членот на Комисијата, Митко Трајчулески, учествуваа на Дваесет и првиот состанок на Регионалната конференцијата на парламентарните комисии за европска интеграција/прашања на земјите учеснички во Процесот за стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа (КОСАП). Конференцијата се одржа денеска во Собранието на Република Албанија во Тирана.
Македонската делегација во Македонската Амбасада во Тирана оствари средбa и со преставниците на Македонско национално малциство (МНМ) во Република Албанија, Ендрит Фетаху, потпретседател на македонската политичка партија МАЕИ и Марјана Костовски Фелах, претставник на МНМ во Комитетот за национални малцинства на Албанија, имаа можност да ги информираат пратениците за нивните активности во правец на унапредување на правата на МНМ, како и со проблемите со кои истите се соочуваат.
Од страна на претставниците на ДКП и КИЦ, пратениците беа запознаени и за идните активности на ДКП Тирана и КИЦ, во насока на подобро претставување на Македонија во Албанија.
Г-дин Трајчулески и г-дин Здравковски изразија разбирање за положбата на МНМ и информираа дека во Собранието е отворена позитивна дебата на темата, за која без разлика на политичката припадност, сите се согласни дека е потребно преземање на сериозни чекори за заштита на Македонското национално малцинство во Албанија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
