
По повод “Недела на македонската култура” на 30 април 2025 година, 20:00 часот во Театар АрТурбина, ќе се одржи театарска претстава: 8%? од Театарот за современа уметност од Битола, Македонија
Придружете ни се на последниот настан од “Недела на македонската култура” моќна вечер на современ театар со режија на Јован Ристовски, изведена на македонски јазик, со албански и англиски преводи на екранот.
Манифестацијата „Недела на македонската култура“ е во организација на Македонската амбасадата во Тирана и Македонскиот Културно-информативниот центар и се реализира со поддршка од Министерството за култура на Македонија, Министерство за економија, култура и иновации на Албанија и Општина Тирана.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden