Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова во рамки на работната посета на Тирана ќе оствари средба со претставници на македонското национално малцинство во Албанија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во работна посета на Тирана, Република Албанија каде што ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Како што информират од кабинетот на Претседателката, во рамки на работната посета на Република Албанија, Гордана Сиљановска Давкова во Тирана ќе оствари средба со претставници на македонското национално малцинство во Република Албанија, на Македонската алијанса за европска интеграција, на македонското друштво „Илинден“ – Тирана, како и со македонски дипломати и професори.