
На својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски објави дека имал телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска.
„Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина – за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме.
Хрватска е докажан пријател на нашата држава, а нејзината гласна поддршка во клучни моменти претставува голем поттик и охрабрување за сите нас.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden