Рама повторно клекна на колена пред Мелони (ВИДЕО)

Премиерот Еди Рама повторно го привлече вниманието на меѓународните медиуми со својот гест што го направи кон италијанската премиерка Џорџа Мелони за време на Конференцијата за обнова на Украина што денеска се одржа во Рим.

Како домаќинка на Конференцијата, Мелони ги поздравуваше лидерите и претставниците на сите земји поединечно. Сепак, средбата со Рама не беше неочекувана за неа.

Додека се приближуваше кон италијанската премиерка, Рама прво клекна на колена, а потоа стана и се ракуваше со неа.

Направија краток разговор, а потоа заедно позираа за фотографирање. Инаку, ова не е првпат Рама да клекне на колена пред Мелони. Досега, тоа се случи неколку пати за време на нивните заеднички средби или состаноци.

Последен пат тој го направи овој гест во мај на Самитот што се одржа во Тирана. Тогаш, тоа ја насмеа Мелони.

Рама клекна пред Мелони и во јануари годинава кога и го честиташе роденденот. Пеејќи ја песната среќен роденден на италијански јазик и подари марама.