
Македонското друштво “Илинден“-Тирана во име на Македонците во Албанија, упати честитка до г. Георгиј по повод устоличувањето за митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден“-Тирана, и на Македонците во Република Албанија да ви честитам устоличувањето за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Ви посакуваме голем успех, убави дела а честа и достоинственоста да ве следат и да се постојано со вас. Достоен, стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden