
Решаваме уште еден горлив проблем на изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Тоа е пуштањето во употреба на клучката Подмоље, што го спојува Охрид и Струга, но и две држави Македонија и Албанија. И тоа беше еден од наследените проблеми во минатото, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
И тоа беше еден од наследените проблеми во минатото затоа што во реализацијата на овој проект претходната власт не работеше ништо. И тоа малку што го работеа, го работеа погрешно, па решија да ја срушат оваа клучка без да бидат решени имотно-правните односи, без да биде решена експропријацијата и клучката беше со години срушена, без можност да биде повторно изградена и да биде пуштена во функција, изјави Николоски, кој присуствуваше на увид на градежни активностои на патот од Климештани до Охрид заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈПДП Коце Трајановски.
Со промената на владата и формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски, како што нагласи, ова се реши, ги решивме имотно-правните односи, ги решивме сите административни проблеми кои што ни стоеја на патот.
И веќе од денеска е функционална, што значи многу побрзо проток на луѓе и патници од Струга и од соседна Албанија кон Скопје, но исто така и многу побезбеден сообраќај, бидејќи ова беше точка каде што навистина имаше големи проблеми во минатото, рече Николоски.
За динамиката на изградба на патот, Николоски рече дека работат посветено.
Во однос на динамиката на изградба на патот, ние сме на дневна основа, посветено работиме, директорот, јас сум тука секогаш кога можам. Премиерот будно следи и на дневна основа се координираме. Напредокот е добар, задоволни сме, имајќи ги предвид годините на застој, имаме добар напредок и за брзо време ќе имаме уште добри вести, најави Николоски.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden