
Исто како и во Рио де Жанеиро, статуа на Исус Христос е подигната во Тропоја, статуата се наоѓа во една од најимпресивните точки на Албанските Алпи, во Никај-Мертур.
Статуата е направена од жител на таа област, Сокол Ндуе Прогни, и наликува на оригиналната во Рио, каде што Христос се појавува со раширени раце.
На церемонијата на инаугурација присуствуваа претставници на црквата, жители на областа, како и многу гости од Албанија и дијаспората.
Наскоро, се очекува оваа точка да стане туристичка дестинација, како за разгледување на импресивниот поглед на Алпите, така и за гледање на подигнатата статуа.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden