
Албанија со гол во последните секунди од првиот дел, водат со 0:1 во Лесковац, Србија. Херој на гостите е напаѓачот Реј Манај, кој го замолкна целиот стадион
Токму кога се чинеше дека двете репрезентации ќе заминат на пауза со почетниот резултат, се случи моментот на одлука. По еден прекин, топката дојде доРеј Манај, кој одлично се снајде во шеснаесетникот и ја смести зад грбот на Петровиќ.
Голот предизвика делириум на клупата на Албанија и целосен молк на трибините во Лесковац. Сега, на Србија ѝ остануваат 45 минути да се спаси од неочекуван пораз на домашен терен.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden