Светскиот Македонски Конгрес упати честитка за 70-то јубилејно издание на македонскиот весник “Илинден”

Светскиот Македонски Конгрес во името на најголемиот број Македонци, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, упатува искрени честитки до Македонското друштво “Илинден”- Тирана и неговиот претседател Никола Ѓурѓај за 70-то јубилејно издание на македонскиот весник “Илинден” нека се множат изданијата и нека се шири вистината за Македонците во Албанија и светот, вистината за Македонија.

Само тој што се посветил на македобските работи, и покрај се’ и после се’, знае дека вложува време, здравје и пари… Само, Голем e Господ, македонските работи немаат почеток и крај, бидејќи Македонија е вечна тема, од секој според можностите и способностите по една тула, ќе биде и македонскиот ѕид на непокорот. Честитки и за многаја лета – стои во честитката потпишано од Тодор Петров, Претседател на Светскиот Македонски Конгрес.