Иран христијаните меѓу насилството на државата

Во текот на најновите масовни протести во Иран, кои почнаа на 28 декември 2025 година, државните безбедносни сили извршија огромни и незаконски убиства на демонстранти што ги изразија своите гнев и незадоволство поради економските тешкотии и политичката репресија.

Според истражувања на меѓународни организации и на активисти, бројот на жртви во насилствата се движи од неколку илјади до десетици илјади, што ја прави ситуацијата една од најкрвавите во современата историја на Иран. Безбедносните сили често пукаат врз мирни демонстранти, а властите воведоа скоро комплетен интернет-крах за да ги ограничат информациите од случувањата. Таа репресија вклучува и незаконско насилство врз цивили, а меѓу погодените се и христијански верници кои се обвинети за наводна „шпионска или субверзивна активност“.

Амнести Интернешнл повикува на итни дипломатски мерки на Обединетите нации за да се стави крај на беззаконието и да се преземат истраги за можни злосторства против човештвото. „Оваа спирала на крвопролевање и неказнивост мора да заврши. Во споредба со некои од претходните груби кршења на човековите права и злосторства според меѓународното право од страна на властите, сериозноста и обемот на убиствата и репресијата од 8 јануари се без преседан“, изјави Агнес Каламард, генерален секретар на Амнести Интернешнл. Во сторија споделена со оваа организација, новинар од Техеран изјавил: „Кажете му на светот дека во Иран се извршуваат неописливи злосторства… Кажете му на светот дека ако не преземат ништо, тие ќе ја претворат земјата во гробишта.“

Во исто време, животот на христијаните во Иран е исполнет со уште постари и продлабочени предизвици. Пред Исламската револуција, мисионерските напори на христијаните доведоа до мал број покрстени. Во непосредниот постреволуционерен период, христијаните беа толерирани. Повеќето верници беа Ерменци и некои Асирци. Овие историски христијански заедници беа оставени да функционираат без проблеми, за разлика од евангелистичките цркви, за кои се сметаше дека се поддржани од Западот и вклучувајќи ги и преобратениците од исламот што зборуваат фарси (персиски), кои се сметаат за отпадници и закана за безбедноста на нацијата, Сепак, прогонството се интензивираше во 1990-тите со репресија врз црковните водачи, ограничувања на христијанските активности.

Владата контролира кога црквите можат да се отворат за богослужба и води списоци на присутни. Неофицијалните состаноци се забранети. Иранското библиско друштво беше забрането и распуштено во 1990 година. Увозот и дистрибуцијата на Библии на фарси беше забранет. Црковните водачи и други клучни личности кои се преобратиле од исламот беа убиени или уапсени во текот на овој период.

Во август 2025 година, иранските власти објавија апсење на повеќе од 50 христијани, во деновите по завршувањето на активните непријателства со Израел, поради наводни причини поврзани со националната безбедност. Следниот месец, апелациониот суд во Техеран ги отфрли жалбите на петмина христијани кои се преобратиле од исламот и ги потврди нивните затворски казни за обвиненија за „пропаганда“.

Неколку контакти на организации за поддршка на верниците пријавиле случаи каде христијани се меѓу оние убени или исчезнати во бунтовите. Во провинцијата Фарс, според извештаи, најмалку неколку десетици верници се водат како исчезнати – непознато е дали се уапсени или убиени, а други биле уапсени подобвинение за „дејствување против државата“ затоа што биле забележани како учествуваат на мирни протести.  Контактите во Машхад, вториот по големина град во Иран, пренеле информации на организацијата BarnabasAidдека 55 членови на црквата се водат како исчезнати. Не е познато дали тие се притворени од властите или се убиени.

Се проценува дека во Иран има помеѓу 500.000 и 800.000 христијани. Некои проценки одат до бројката над еден милион. Со оглед на тајноста што мора да ја применуваат домашните цркви, тешко е да се биде сигурен, но контактите на BarnabasAid потврдуваат дека постои христијанско сведоштво во многу делови од оваа огромна земја.