Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, утре во официјална посета на Македонија

Министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

На средбата се очекува да се разговара за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.

По завршувањето на средбата е предвидена заедничка изјава за медиумите.