Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара од општина Пустец да побара од Владата стопирање на мигрантските центри

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец.

Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа и без почитување на правата и интересите на Македонците кои живеат во општина Пустец.

Апелираме до општина Пустец да побара од Владата итно отстранување на камповите за мигранти и да застане во заштита на интересите, безбедноста и иднината на своите граѓани.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана нема да молчи пред одлуки кои се носат на штета на автохтоното македонско население во општина Пустец и ќе продолжи јавно, доследно и одлучно да ги брани нивните права.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола  Ѓурѓај