
Американскиот државен секретар Марко Рубио ја започна својата официјална посета на Унгарија и денеска во Будимпешта разговараше со унгарски официјални претставници, вклучувајќи го и премиерот Виктор Орбан.
Како што пренесуваат унгарски медиуми, тие разговарале за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, особено мировните процеси и енергетските односи меѓу САД и Унгарија.
Рубио вчера пристигна во Унгарија од Словачка, каде што исто така беше во официјална посета.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden