
Албанија, Хрватска и Косово ќе одржат три заеднички воени вежби оваа година, од кои две во Загреб и една во Тирана. Според планот, соработката вклучува не само заеднички вежби, туку и размена на искуства и подлабока оперативна координација. Загреб, Тирана и Приштина потпишаа меморандум за соработка во областа наодбраната и безбедноста на 18 март 2025 година.
Овој чекор се смета за значаен сигнал за зајакнување на регионалната безбедносна архитектура и координација меѓу партнерите на Балканот, особено во контекст на евроатлантските интеграции и актуелните безбедносни предизвици.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden