САД и Израел го нападнаа Иран (ВИДЕО)

Фото:Tehran Times

Израел утрово започна, како што го нарече, „превентивен удар“ врз Иран, изјави министерот за одбрана Израел Кац, додека во цел Израел е прогласена вонредна состојба. Владата очекува ирански одговор со дронови и балистички ракети.

Во Техеран, главниот град на Иран, се слушнале три експлозии, јавуваат иранските медиуми.

Како што наведува „Њујорк тајмс“, во нападите на Израел вклучен е и САД. Ова е втор американски напад врз Иран за помалку од една година. Последен пат Соединетите Американски Држави ја нападнаа иранската територија во јуни 2025 година, кога претседателот Доналд Трамп, нареди авиони да фрлат бомби врз три нуклеарни постројки во Иран. Со тој напад тој стана првиот американски претседател кој одобрил удар врз Иран по речиси половина век непријателство со Исламската Република.

Иранската новинска агенција јавува за експолозии во повеќе ирански градови. Според неа напади се пријавени во градовите Исфахан, Ком, Караџ и Керманшах, како и во главниот град Техеран.

Американски функционери потврдија дека САД изведуваат удари врз Иран. Тие за CNN потврдија дека САД изведуваат напади врз Иран.

Ројтерс пренесува дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, не се наоѓа во Техеран и е префрлен на безбедна локација.

Во Техеран мобилните телефонски врски се во прекин, а интернетот делумно не функционира. Техеран го затвори својот воздушен простор за цивилни летови, како што тоа го направи и Израел.

Иран се подготвува за одмазда по утринските напади на Израел врз Иран, изјавил функционер од Техеран за новинската агенција Ројтерс. Функционерот најавил дека „одговорот ќе биде разорен“.