
Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски заедно со членот на Извршниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција, Нико Андон присуствувавме на традиционалниот прием во седиштето на Корчанската митрополијап, по повод големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден.
По повод најголемиот христијански празник – Христовото Воскресение, Велигден, имав чест да присуствувам на прием во седиштето на Митрополијата во Корча, организиран од корчанскиот митрополит Анастас. Во духот на овој светол празник, упативме искрени честитки за Велигден, празник кој носи порака на надеж, љубов и нов почеток. Велигден нè потсетува дека по секоја тешкотија доаѓа светлина, а верата и заедништвото се нашата најголема сила. На сите верници кои го слават, им посакувам многу здравје, среќа, радост и духовен мир. Нека празникот ги исполни вашите домови со топлина, љубов и благосостојба, Христос Воскресе, напиша Стерјовски.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden