Излезе од печат 102-от број на весникот на македонски јазик “Преспа“, гласило на Македонците во Албанија, кое повеќе од три децении придонесува кон зачувувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, култура, традиција и национален идентитет.
Првиот број на “Преспа“ е објавен во 1994 година. Од тогаш до денес, весникот претставува значаен медиумски простор за информирање на македонската заедница во Албанија и за негување на македонскиот пишан збор.
Основач и прв главен уредник на весникот беше покојниот Спасе Мазенковски, кој со својата долгогодишна посветеност остави значаен белег во македонското новинарство во Албанија.
Денес, главен уредник на „Преспа“ е Ефтим Митревски, кој ја продолжува традицијата и мисијата започната пред повеќе од три децении.
Објавувањето на 102-от број е уште една потврда за истрајноста на весникот и неговата важност за македонската заедница во Албанија.
Македонскиот весник “Илинден“ упатува искрени честитки по повод излегувањето на новиот број на „Преспа“, со желба весникот и понатаму да го чува македонскиот збор, да ја афирмира македонската култура и да биде мост што ги поврзува Македонците во Албанија со македонскиот јазик и традиција.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
