Пожар од големи размери беснее  во округот Фиер

Пожар од големи размери беснее  во округот Фиер опфаќајќи области со маслинови насади, борови шуми и неколку домови.

Пламените јазици, фаворизирани од силните ветрови и високите температури, брзо се шират од Вадиза кон Леван и понатаму кон областа Мало Пештани и други места.

Според извештаите на медиумите, опожарени се неколку домови, деловен субјект, како и работилница за производство на  пчелни кошници и магацин . Во областа Ќафа е Кошовица, пламените јазици се приближиле до неколку бизниси, додека една ненаселена куќа била зафатена од пламен.

За справување со ситуацијата, на терен се распоредени противпожарни сили од Фиер, Малакастра, Лушња, Валона и Берат, заедно со структурите на државната полиција и службите за итни случаи.

Интервенцијата беше спроведена и од воздух, со два хеликоптери, кои дејствуваа над најпроблематичните жаришта, додека силите на терен продолжуваат со напорите за изолирање и гаснење на пламените јазици, но ситуацијата е критична, објавија ова Агенцијата за заштита и спасување.

Пожарот ја зафати и делницата на националниот пат Фиер-Леван, предизвикувајќи привремено блокирање на сообраќајот поради густ чад и опасност за возачите.

Поради приближувањето на пламените јазици кон станбените области, 15 семејства се евакуирани од своите домови. Полициските сили продолжуваат да ги следат загрозените подрачја и да им помагаат на жителите.

Ситуацијата останува тешка поради ветерот, додека создавањето нови пожари и брзото ширење им отежнуваат на екипите на терен да интервенираат.

Операцијата за гаснење на пожарот продолжува, а пожарникарите и структурите за итни случаи се ангажирани за ставање на ситуацијата под контрола и заштита на домовите и имотот на жителите.

Според последните информации пожар од големи размери е регистриран и во близина на приморскиот град Химара.