Република Македонија денес го празнува 23 Oктомври, Денот на македонската револуционерна борба.
Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Основањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење што преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку Народноослободителна борба од 1941 до 1944 води до создавање современа самостојна македонска држава.
Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите што живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.
Во името на Централниот совет на Македонците во Германија ви го честитаме 23-ти Октомври! Да е вечен македонскиот револуционерен идеал, да го почитуваме и славиме овој голем ден!
Претседател Роберт Кленкоски
Заменик претседател Горан Николоски
Благајник Роберт Пирковски
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
