Balfin Group од Албанија ја купи познатата трговска зграда „Galeria“ во центарот на Хановер

Balfin Group од Албанија од бизнисменот Самир Мане, преку својата компанија Balfin Group, ги проширува инвестициите на германскиот пазар со купувањето на познатата трговска зграда „Галерија“ во центарот на Хановер, Германија.

Објектот се наоѓа во центар веднаш спроти главната железничка станица во Хановер, на една од најфреквентните локации во градот.

Зградата, која претходно беше позната како Kaufhof, претставува еден од позначајните трговски објекти во центарот на градот. Според извештаите во германските медиуми, вредноста на недвижноста се проценува на околу 124 милиони евра, додека конечната купопродажна цена не е официјално објавена.

Инвестицијата во Хановер доаѓа во рамките на поширокото присуство на Balfin Group на германскиот пазар на недвижности. Во медиумите беше објавено и за купување на уште еден објект на „Галерија“ во германскиот град Бон.

Foto: Facebook / Samir Mane

Со овој потег, Самир Мане продолжува да го проширува својот меѓународен бизнис и да инвестира во атрактивни недвижности на европскиот пазар.

Купувањето на објектот на една од најстратешките локации во Хановер отвора прашања за неговата идна намена и за можниот развој на нови трговски и деловни содржини.