Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод 29 Ноември – Денот на ослободувањето на Албанија!

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ви го честита 29 Ноември 1944 година – Денот на ослободувањето на Албанија од нацифашистичката окупација.

Овој значаен историски ден претставува потсетник на борбата за слобода, на жртвите и на стремежите за живот во мир, достоинство и во слободна држава.

На овој празничен ден ја истакнуваме важноста на мирот, соживотот, солидарноста и меѓусебното почитување како темелни вредности за изградба на демократско и праведно општество.

Македонците во Албанија учествуваа во Антифашистичката националноослободителна борба, давајќи свој придонес во борбата за ослободување на земјата.

Посакуваме овој значаен ден да донесе надеж, благосостојба и напредок за сите граѓани на Република Албанија,  стои во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.