Турција лута на Албанија поради ослободувањето на Турчин осомничен за тероризам

 

Турската амбасада во Тирана ја оцени како скандалозна одлуката на Основниот суд во Драч, да се брани од слобода турскиот државјанин Мохамед Јасир Аидогнуз, кого Анкара го товари за учество во терористичка организација.

Во реакцијата на Aмбасадата се наведува дека на албанскиот судија му била ставена на располагање неопходната документација, со која Аидогнуз требало да се задржи во затвор 40 дена, врз основа на Европската конвенција за екстрадиција. Разочарани сме од оваа скандалозна одлука со која се одбива да биде екстрадран Аидогнуз и ова не е позитивен пример во борбата против тероризмот. Тој и неговиот адвокат успеаа да го исполитизраат прашањето и судијата дозволи еден терорист слободно да се движи со фалсификувана патна исправа, што претставува опасност и за безбедноста на земјата,  се наведува во реакцијата на Турската амбасада.

Според турските власти Мохамед Јасир Аидогнуз е дел од терористичката организација ФЕТО. Потребно е одлуката да ја видиме, а тоа ќе биде в понеделник, па да коментираме. Доколку прозлезе дека судијата не ја испочитувал процедурата ќе ја сноси одговорноста за донесената одлука, соопштија од Судот во Драч. Аидогнуз заедно со семејството е приведен вчера во пристанишниот град Драч, при обид да замине за Италија со турски фалсификувани патни исправи и визи.