На дно на езеро откриен дворец потопен пред 3.000 години

 

Археолозите на дното на најголемото езеро во Турција открија дворец, кој бил изгубен 3.000 години. Се верува дека спектакуларните рушевини биле дел од тврдина, која припаѓала на цивилизацијата Уратру, позната и како кралството Ван, а својот процут го имала меѓу 9 и 6 век пред нашата ера.

Археолозите десет години го претражувале дното на езерото. Тахсин Цејлан, кој го водел истражувањето, вели дека сите отпрвин им зборувале дека нема да најдат ништо во езерото, но потрагата се родила со плод.

Тврдината се протега на еден километар, а ѕидовите иако со векови биле под вода, високи се меѓу три и четири метри. Цејлан вели дека ова откритие е само почеток и благодарение на него ќе може да се прават понатамошни истражувања за цивилизацијата што се протегала на територијата на денешна Турција, Ерменија и Иран.