
Поетесата Сања Атанасовска од Куманово ја освои книжевната награда „Караманов“ со својот ракопис „Стаклена градина“ на 44-те по ред „Караманови средби“ кои се одржуваат во Радовиш во чест на поетот Ацо Караманов. Наградата викендов беше доделена во Радовиш. Збирката содржи 54 песни, а поетесата пишува на теми кои го окупираат секој млад човек.
Aтанасовска по професија е новинар. Во 2015 година ја издава збирката поезија „Писмото на десетте прсти“ која е добитник на наградата Лесновски ѕвона. Во 2017 година со помош на Фондација Македоника ја објавува електронската збирка поезија „Тапија од животот“. Aтанасовска поезија објавува на повеќе странски сајтови.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden