
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, кој е во официјална посета на Турција, вчера ја посети Железна црква Св.Стефан, изградена од Македонци која се наоѓа на брегот на Златниот рог во Истанбул. Ова е прва посета на странски државник откако по реставрирањето црквата беше пуштена во употреба на 7 јануари годинава.
Шефот на македонската држава беше пречекан од свештениците во црквата, како и од главниот архитект кој работеше на реставрацијата на храмот, Фикрие Булунмаз. Претседателот Иванов и делегацијата што ја предводи ја разгледаа галеријата со снимки и фотографии што се наоѓа на приземјето. Иванов посочил дека е импресиониран од посетата на една ваква уникатна црква каква што е Св.Стефан и оти ќе понесе добри впечатоци од посетата.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden