Tag Archives: Претседателот на Република Македонија

Претседателот Пендаровски покровител на Признанието за придонес на припадниците на дијаспората, Македонија 2025

Кабинетот на Претседател на Република Македонија и Македонија 2025 Огранок во Република Македонија, денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел јавно вреднување на сите поединци со потекло од Република Македонија, кои имале несебичен и континуиран придонес за татковината во различните сфери на живеење. Врз основа на Меморандумот се воспоставува покровителство на Претседателот на Република Македонија на Признанието за придонес на припадниците на дијаспората, Македонија ...

Read More »

Поранешниот претседател Иванов учествува на 10. Глобален Баку форум во Азербејџан

Претседателот на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов, учествува на 10. Глобален Баку форум во Азербејџан во периодот 9-12 март 2023 година. Јубилејниот десетти Глобален Баку форум се одржува на тема „Светот денес: предизвици и надежи“ и беше свечено отворен со обраќањето на Претседателот на Република Азербејџан Илхам Алијев. На овогодинешниот форум учествуваат голем број актуелни и поранешни претседатели, премиери, ...

Read More »

Изјава на Претседателот на Македонија по одржувањето на 18-та седница на Советот за безбедност (ВИДЕО)

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа 18-та седница на Советот за безбедност, на чиј дневен ред беше безбедносната состојба во Република Македонија и евро-атлантскиот регион. Почитувани граѓани, претставници на медиумите, Денеска ја одржавме 18-та седница на Советот за безбедност. Покрај редовните членови на Советот, на моја покана, беа присутни и директорот на Агенцијата за разузнавање, директорот на Агенцијата ...

Read More »

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на Влашката заедница во Република Македонија. Почитувани сограѓани, Дозволете да ви го честитам 23 Mај, Националниот ден на Власите и да ви посакам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, исполнет со радост и со среќа. Токму на овој ...

Read More »

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до Претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – ...

Read More »

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј (ВИДЕО)

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј. Дозволете ми да ви го честитам 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј. Ден посветен на словенските апостоли, заштитниците на Европа, кои ни оставија азбука, книги, но и животопис исполнет со давање и трпение, со скромност, благородност и непресушна ...

Read More »

Започна официјалната посета на претседателот Пендаровски на Република Србија

  Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Палата Србија во Белград, беше примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со што ја започна официјалната посета на Република Србија. Двајцата претседатели остварија тет-а-тет средба, на која ги потврдија пријателските односи и меѓусебно разбирање меѓу Република Македонија и Република Србија и ја потенцираа ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски оствари средба со Претседателот на Собранието на Република Албанија, Грамоз Ручи

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Собранието на Република Албанија, Грамоз Ручи, во рамки на официјалната посета на Република Албанија. На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу Македонија и Албанија при што, беше изразено задоволство од позитивните случувања во однос на конструктивната соработка, демонстрираната посветеност за зајакнување и продлабочување на билатералните и добрососедските ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски освари средба со Претседателот на Република Албанија, Илир Мета

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска престојува во официјална посета на Република Албанија. Во Тирана, претседателот Пендаровски беше примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Албанија, Илир Мета. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба и пленарна средба со официјалните делегации, по што се одржа заедничка прес-конференција на претседателите. Во продолжение е интегралната изјава на претседателот Пендаровски ...

Read More »

Пендаровски во официјална посета на Албанија

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, утре – 26 октомври 2019 година, ќе престојува во официјална посета на Република Албанија. Во Тирана тој ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, а ќе оствари средби со премиерот на Република Албанија, Еди Рама и со претседателот на Собранието на Република Албанија, Грамоз Ручи. ...

Read More »