Италијански обвинител: Албанската мафија има врски со политиката

 

Италјанскиот јавен обвинител и експерт во сферата на борбата против мафијата, Фредерико Кафиеро де Рахо, изјави дека во Албанија нема обични криминални групи, туку тоа е организирана мафија која е тесно поврзана со политичките структури и веќе е присутна во законската економија. Изјавата италјанскиот обвинител ја даде по средбата во Тирана што ја имаше со привремената обвинителка на Албанија, Арта Марку, и министерот за внатрешни работи, Фатмир Џафај.

Де Рахо додаде дека албанската мафија има и соработка со разграноците на најсилните мафијашки организации во Италија. Според него, дрогата што се произведува во Албанија во најголем дел се внесува во Италија и тоа на мошне организиаран начин. Посетата на првиот чобвек кој се бори против мафијата во Италија на средбите со албанските претставници побарал и зајакнување на сите мерки за стопирање на шверцот со дрога и поголема соработка на надлежните институиции на двете земји