Центар за информативна и логистичка поддршка на граѓаните “Нов Контакт”- Македонија ќе одржи јавна трибина ,,Граѓанското опшество – мост за соработка со дијаспората“

 

 

Со цел зајакнување на врската со македонската дијаспора и македонското национално малциство во сосеството како и развивање на проекти за поддршка на културните, традиционалните, историските вредности, зајакнување на комуникацијата и развојот на демократските опшествени вредности.

Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните Нов Контакт – Македонија, како невладина, непартиска и непрофитна организација во улога на промотор на оваа идеја организира Јавна Трибина во рамките на проектот ,,Граѓанското опшество – мост за соработка со дијаспората,, посветена на улогата на Граѓанските организации од Република Македонија, иселеничките организации и организациите на македонското национално малцинство во соседните земји.

Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните Нов Контакт – Македонија работи во градење на континуирана меѓусебна соработка, и континуирана соработка со матичната земја Република Македонија, која ќе се одржи на 13.04.2018 година (петок) со почеток во 09,30 час. во Хотел-Континентал, во Скопје.

Теми за дискусија:

1.Улогата на Граѓанските организации од Република Македонија, иселеничките организации и организациите на македонското национално малцинство во соседните земји, во градењето на континуирана меѓусебна соработка, и континуирана соработка со матичната земја Република Македонија,

2. Институционална поставеност на државата за соработка со дијаспората.

3.Идните предизвици и градење на нови модели на соработка помеѓу државата и граѓанскиот сектор  ( пр. Швајцарија и граѓанскиот сектор, / пр. Р.Македонија и граѓанскиот сектор.)

Проектот е поддржан од Цивика мобилитас, Програма за поддршка на граѓанското опшество во Република Македонија, финансирана од Швајцарската Aгенција за развој и соработка (СДЦ), а координиран од Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС). – стои во соопштението на Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните Нов Контакт – Македонија.