Албански пратеник на листата непожелни за влез во САД

Стејт депарментот му забрани на албански пратеник влез на американска територија поради наводна вмешаност во корупција од големи размери. На Том Доши, пратеник на албанската Социјалдемократска партија му е забранет влез во САД, како и на неговата сопруга и деца. Доши изјави дека не направил ништо незаконски и напомена дека неговата сопруга и децата имаат австралиско државјанство. Од февруари и на поранешниот албански јавен обвинител Адриатик Лали и на неговото семејство им е забранет влез во САД.