
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла реакцијата на бриселската бирократија на говорот на Претседателот на Републиката проф.д-р Ѓорге Иванов на 2 август на Мечкин камен во делот против Спогодбата Димитров-Коѕиа, со којашто Република Македонија се доведува во положба на потчинетост и зависност спрема Република Грција, а Владата во Атина стекнува право да се меша во внатрешните работи на Македонија!
СМК ги смета за грубо мешање во внатрешните работи на Македонија препораките на бриселската бирократија за поддршка на референдумот. СМК очекува Уставниот суд да ја поништи одлуката за распишување на референдумот, со времена мерка до одлучување. СМК повикува на општ и безусловен бојкот и масовна неизлезеност на референдумот на 30 септември 2018 година, доколку Владата и покрај се’ го спроведе неуставниот и незаконски референдум!
Македонците во сите делови на Македонија и во целиот свет го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со ЕУ и НАТО, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името, културата, историјата и јазикот на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden