
Иако за 31 отсто е намален приливот на мигранти преку грчко-албанската граница од почетокот на годината, Европската агенција за управување на оперативната соработка на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс) останува на штрек во Јанина, во северозападна Грција, објавува електронското издание на весникот „Kathimerini“.
Според извештаите, 11 вработени на Фронтекс од Германија и Полска моментно работат со грчки полицајци во регионот во позадина на стравувањата дека мигрантите се обидуваат да наметнат нов пат од крајбрежјето на северозападна Грција до Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, и оттаму во земјите од Европа.
Во исто време се забележува зголемување на случаите на измами на мигранти и бегалци од групи кои издаваат лажни документи за патување, дополнуваат од редакцијата. Мигрантите кои планираат да патуваат во Централна и Европа плаќаат до 3.000 евра за фалсификувани документи. Во последните две години со такви документи на аеродромите во Каламата, Актио и Араксос во Грција се уапсени повеќе од 200 лица.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden