Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Македонија беше дел од Интернациониот саем за туризам „MTF Mediterranean Tourism Fair“ во Тирана

Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија беше дел од Интернациониот саем за туризам „MTF Mediterranean Tourism Fair“ што се одржа во период од 5-6.04.2019 година во Тирана. Од информациите на делегацијата на Агенција за промоција и поддршка на туризмот  и домашните тур-оператори кои се присутни на саемот, интересот на туристите од Албанија за посета на државава е голем, Републикa Македонија е застапена и во кружните тури кои се понуда на албанските тур-оператори. Присутен на Интернациониот саем за туризам „MTF Mediterranean Tourism Fair“ беше и амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија г-дин Данчо Марковски.

Advertisement