Академијата за човекови права и малцинства во Воскополе

Во организација на албанската група за човекови права, во соработка и со поддршка на канцеларијата на ОБСЕ во Албанија од 22-27 септември 2019 година во село Воскополе, Корча се одржава Академијата за човекови права и малцинства. Годинава учество имат 28 млади избрани од 70 апликанти, на Академијата се стекнуваат знаења и се  дискутира за проблемите на малциствата и човековите права во едно демократско општество и за улогата на младите.

Албанската група за човекови права е најзначајна невладина организација во Албанија во областа на човековите права. Таа е основач и на Академијата за малцинствата, која што се одржува секоја година, со поддршка на странските амбасади и други донатори.