Албанија: Баша побара поголема организираност на антивладините протести

Претседателот на Демократската Партија одржа заедничка седница на претседателството на партијата и групата за организационите мерки за продолжување на политичката акција и на протестите закажани за 13 април. Баша побара поголема организација на протестот со цел да биде многу поброен од изминатите два. Според Баша, по враќањето на мандатите опозицијата е мнозинство.

Барањето на опозицијата останува непроменето: заминување на владата на Еди Рама и формирање транзициона влада која ќе организира предвремени парламентарни избори. Амбасадорот на ЕУ во Албанија. Луиџи Сорека ја повика Владата и опозицијата да најдат компромис. Во изјава за медиумите, Сорека рече дека ЕУ беше меѓу првите која од февруари 2016 година повикува на дијалог, а тоа ќе продолжи да го прави во секој момент и на секоја средба.

„Дојдено е време за компромис. Компромис значи Владата и опозицијата да се сретнат на средината на мостот. Јас мислам дека мостот постои, само треба да се состанат“, рече Сорека.