Албанијa го отвори новиот стадион (ВИДЕО)

Синоќа Албанија и официјално го отвори новиот стадон кој се вика стадион „Ер Албанија“, но Франција е пресилна селекција за да се направи нешто повеќе од пораз. Албанија го отвараше новиот стадион против актуелниот Светски првак, можеби нема подобра репрезентација во моментов за ваков чин, но јасно е дека против Франција тешко може да се дојде до поволен резултат. Французите славеа со 2-0.

Kапацитет на стадион „Ер Албанија“ е 22.500 гледачи, а целиот проект за изградба на „Ер Албанија“ чинеше 85 милиони долари. На овој стадион ќе се организираат и концерти и останати настани, а капацитетот за истите ќе биде 30.000.

Advertisement